Македонија

Димовски: Името Македонија е напишано со пот, со крв, со збор и со надеж на секој борец за неа

„Нека е вечна Република Македонија“, ќе воскликне експратеникот на Денот на македонската револуционерна борба

Поранешниот пратеник Илија Димовски со восклик за татковината Македонија на државниот празник Ден на македонската револуционерна борба.

„Името Македонија е напишано со пот, со крв, со збор и со надеж, на секој борец за неа, од Димитар Поп Горгиев, преку Дамјан Груев, па сè до Методија Андонов. Денес, нашата задача е револуционерна, да ги напоиме жедните за правда, да посееме зрна на знаење и да ги нахраниме идните генерации со верба, а не со страв и сомнеж во својата татковина. Да ги чуваме ридовите и долините на Македонија не со тешки зборови, туку со чесни дела. Нека е вечна славата на сите што го започнаа овој пат. Нека е вечна Република Македонија“, порача Димовски од социјалната мрежа Икс.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top