Македонија

Добитник од Кавадарци освои 78.5 милиони денари

Неверојатната комбинација 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11 ја донесе втората највисока премија во историјата на „Македонска лотарија“

Симоќа, во 18-тото коло беше извлечена главната премија – „7-ка“, вредна 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Според информациите, добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација што му донесе милионска сума на среќниот добитник гласи: 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.

Фактот што највисокиот извлечен број е само 11, во игра каде што опсегот на броеви се движи до 37, е екстремно редок феномен во веројатносните теории.

Покрај главниот добитник, со шест погодоци се регистрирани вкупно 15 добитни комбинации, при што секоја ќе добие по 31.707 денари.

Според податоците, ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, со вредност од околу 1,273 милиони евра.

Најголемата премија досега, од околу 1,7 милиони евра, беше исплатена во август 2024 година, кога добитното ливче беше продадено во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top