Македонија

Долината на Радика збунета од чудната светлина над Галичник (ВИДЕО)

Засега без објаснување

Граѓани на селата по долината на реката Радика денеска се збунети од чудната светлина што доаѓа од планинат над селото Галичник.

Во видеото што го испратија до редакцијата на expres.mk се гледа невообичаена светлина односно одсјај од сонце кој што доаѓа од некаква метална површина.

Според тие што го снимиле видеото досега во овој предел немало ваква светлина за која засега нема објаснување.

Луѓе од селото Галичник на кои им се обратиле не можат да ја објаснат светлината.

Во недостаток на информации алатките за вештачка интелигенција тврдат дека светлината доаѓа од одблесок од метален крст на планината но досега нема јавни објави за изградба на крст во овој дел на планинскиот предел во западна Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

To top