Македонија

Драма во Трубарево: пожарот се распламти, Ангелов се сомнева дека е намерно подметнат, уапсен сопственикот на фабриката

„Намерно се подметнати тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување на воздухот во главниот град.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Вечерва се распламти пожарот, кој избувна денес рано попладнето во во објект на фирмата „Ф-Групација“ во скопското село Трубарево која се занимава со електронски отпад. Зафатена е уште поголема површина од претходно. Според неофицијалните информации, управителот и сопственик на погоните, кои горат во овие моменти, се во полициска станица. Ќе се постапува според насоки од јавен обвинител.

Во споменатиот пожар се зафатени уште два други објекта, во кои имало големо количество пластичен отпад. Поради тоа над населеното место близу Скопје се издига густ и црн, а многу веројатно и отровен чад.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека во гаснењето беа ангажирани најголем дел од противпожарните возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три БТР, еден хермелин. Цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден „воздушен трактор“ на ДЗС, кои со прецизно фрлање на водата и со специјална пена за гаснење вакви тешки пожари, помагаат да се намали горењето во обидот да спречат ширење на огнот.

Според него, глетката на теренот укажува дека е подметнат пожарот.

„Според она што го гледам на теренот, се работи за намерно подметнат пожар. Повеќе од сигурно е  намерно подметнат, бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Според мене, ова е хибриден напад врз државата, бидејќи се случуваат тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување на воздухот во главниот град: прво депонијата ‘Вардариште’, депонијата ‘Дрисла’, вчера депонијата во Шуто Оризари, а денеска оваа фабрика. Се работи за намерно подметнат пожар. Ние сме цел на хибриден напад, а за мотивите може само да претпоставуваме. МВР и другите безбедносни служби работат на откривање на сторителите и спречување на ваквите намерно предизвикани пожари“ – посочи Ангелов.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top