Македонија

ДУИ денеска формално ја губи контролата на ЈО за организиран криминал

Ќе светне ли сонцето или ќе му се смрачи на организиран криминал

Денеска со изборот на шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција ДУИ формално ја губи контролата на оваа важна правосудна институција.

Во трка за функцијата се обвинителот во Вишото јавно обвинителство Скопје, Трајче Пеливанов; неговиот колега од истото Вишо обвинителство, Јован Цветановски; обвинителката на Основното јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ, и обвинителите во ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи
Со тајно и непосредно гласање, 187 јавни обвинители со право на глас денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Нивните колеги, со право на глас, од обвинителствата во државата можат да гласаат во периодот од 8 до 16 часот, по што на јавна седница ќе бидат сумирани резултатите од гласањето и треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството надлежно за борба против организираниот криминал и корупцијата.

Процесот го спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители, во состав – Ермон Незири, Кети Петкова и Светлана Стојковиќ.

Јавно искажаните приоритети на сите пријавени е зајакнувањето и максималното искористување на капацитетите на истражните центри, фокус на финансиските истраги, кадровско доекипирање и унапредување на соработката со другите институции во чиј опис на работата е санкционирањето кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Поголема незавиност на ОЈО ГОКК, исто така, е дел од програмските приоритети на кандидатите за нов шеф на ова Обвинителство.

Изборот се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој важи за близок ма ДУИ а кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top