Македонија

Елизабет Наумовски: Македонка чии зборови и солзи расплакаа стотици луѓе во вилата Водно (ВИДЕО)

Кога ќе го чујам тапанот крвта ми игра, Македонка сум и секогаш ќе бидам, порача низ солзи Елизабет

Елизабет Наумовски (Elizabeth Naumovski) е Канадска државјанка со македонско потекло чие обраќање и солзи расплакаа стотици луѓе во вилата Водно.

На церемонијата во вилата Водно каде во понеделникот претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги врачи наградите ,,Македонија 2025″ лауреатката Елизабет Наумовски се расплака од силните емоции.

,,Ме воспитуваа моите македонски родители, кои всушност… ми ги дадоа сите вредности. Ми го дадоа јазикот. Ми го дадоа орото. Ми дадоа сѐ за што сум тука и што го претставувам. Кога ќе го чујам тапанот, крвта ми игра. Тоа е Македонија за мене. Ќе го чуеш тапанот и МОРАШ ДА ОДИШ. И работев многу напорно со децении да ја промовирам финансиската писменост кај жените и да ги еманципирам жените. И оваа награда е уште послатка бидејќи ја добивам од првата жена претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, ти си инспирација за сите жени и сум многу благодарна што ми ја даде оваа награда. И само сакам да ви се заблагодарам вам, на жирито, на моите родители. Јас сум Македонка и секогаш ќе бидам”, порача Наумовски во својот краток, но многу емоционален говор.

Наумовски е позната како активистка за финансиска писменост, застапничка за женските права, телевизиска водителка, говорничка и бизнис професионалка.

Таа е водителка на ТВ шоуто EMPOWERED with (претходно „Finance is Personal“) на News Forum Network, каде што се фокусира на финансиска едукација, empowerment на жени и практични совети за живот.

Има над 25 години искуство на Bay Street (финансиски центар во Торонто). Работи во маркетинг, корпоративни комуникации и односи со инвеститори (на пр. во Caldwell Securities и Urbana Corporation).

Награди:
Македонија 2025
Queen’s Platinum Jubilee Award (2022) за придонес кон заедницата.
Wealth Professional IFSE Institute Award for Financial Literacy Champion (2019 и 2021).

Активности во македонската дијаспора:

Член на Advisory Council на United Macedonian Diaspora (UMD), модераторка и водителка на нивни настани, вклучително гала и самити.

Други ангажмани: Хуманитарка (редовно дава крв), менторка за млади жени, основачка на стипендија за самохрани мајки во STEM на Mohawk College, учесничка во спортски предизвици (Tough Mudder, планинарење итн.).

На кратко — успешна и инспиративна жена која ги комбинира професионалниот успех, активизам и врските со Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top