Македонија

„Фол“: Продолжуваат игрите на Таравари, му предложува на Мицкоски да ја земат ДУИ во Владата, но откако би ја обединил АА, пак ДУИ да се испрати во опозиција?!

„Арбен Таравари сè уште не се одлучил и продолжува со политичките игри меѓу двата табора. Таравари продолжува да му предлага на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ја земат ДУИ во владата и да го отстранат дел од Вреди, поточно Изет Меџити, а Зијадин Села да го остават во опозиција со него.“ […]

„Арбен Таравари сè уште не се одлучил и продолжува со политичките игри меѓу двата табора. Таравари продолжува да му предлага на премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ја земат ДУИ во владата и да го отстранат дел од Вреди, поточно Изет Меџити, а Зијадин Села да го остават во опозиција со него.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму порталот пишува: Но, од друга страна, партиски извори за „Инфошќип“ велат дека Таравари речиси секој ден испраќа посредници до крилото на Зијадин Села, преку кои предлага повторно обединување на Алијансата за Албанците и заедно да влезат во Владата и да ја остават ДУИ сама во опозиција со помалите партии од Европскиот фронт.
Според ова сценарио, Таравари бара обединетата Алијанса за Албанците да се натпреварува во сите општини, делејќи ги 50-50 со крилото на Села, и каде и да се појават во вториот круг, да склучуваат дополнителни договори со Вреди за поддршка во реципрочните општини. – објави „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top