Македонија

(Фото): Гори низ Македонија – каде во моментив има активни пожари и колку се под контрола?!

Под контрола се шумскиот пожар во Желино, како и пожарите во тетовско Фалише (ниска вегетација) и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума).

Се уше гори на неколку делови од Македонија. За сега, три пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Василево, с.Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод,  во с.Грешница, со зафатена мешана шума и ниска вегетација, како и помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа, каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани,  мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се шумскиот пожар во Желино, како и пожарите во тетовско Фалише (ниска вегетација) и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума).

🔥 Состојба на пожари (19.07.2025 до 20:30 часот)

На територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои:
🔴 4 активни
🟠 5 под контрола
🟢 18 изгаснати

🔴 АКТИВНИ: 4
1. Општина Василево: с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и сува трева)
2. Општина Македонски Брод 1: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)

🟠 ПОД КОНТРОЛА: 5
1. Општина Желино: с. Желино према Еребино (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод: с. Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)
3. Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
4. Општина Свети Николе: с. Орел – с. Ѓуѓанци (смреки и ниска вегетација)
5. Општина Старо Нагоричане: с. Орах (сува трева)

🟢 ИЗГАСНАТИ: 18
1. Студеничани: Горно Количани (ѓубре и сува трева)
2. Бутел: кај гробишта Бутел (сува трева)
3. Сарај: на обиколница Сарај (ѓубре и сува трева)
4. Кисела Вода: ул. Сердарот (ѓубре и сува трева)
5. Крушево: Градска депонија (ѓубре)
6. Демир Хисар: Градска депонија (ѓубре)
7. Ресен: помеѓу с. Прељубље и с. Покрвеник (ниска вегетација)
8. Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума)
9. Струга: с. Ложани (нива со жито и стрниште)
10. Свети Николе: с. Немањици (ниска вегетација и фотоволтаици)
11. Штип: с. Аргулица (сува трева)
12. Кочани: с. Мојанце (стрниште)
13. Куманово: с. Четирце (ниска вегетација)
14. Липково: с. Ваксинце (сува трева)
15. Тетово: Фалише (ниска вегетација)
16. Брвеница: с. Теново (депонија)
17. Гостивар 1: с. Дебреше (ниска вегетација)
18. Гостивар 2: с. Врањевци (ѓубре, багрем и ниска вегетација)

Најнови вести од: Македонија

Запленети 35.000 австралиски долари на аеродромот во Скопје

Иако патниците носеле поголема сума на девизи, тие наместо да се упатат на црвениот канал за пријавување, поминале низ зелениот канал, наменет за патници без ништо за пријавување. По селекција биле издвоени за детална контрола, при што биле откриени непријавените девизни средства

To top