Македонија

(Фото): Многу новини за плаќањето на патарините, поврзана ќе е и банкарската сметка

Директорот на ЈП Државни патишта, Коце Трајановски вели дека се размислува и за воведување на моделот на наплата на патарините како во Србија односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.

М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјава – А1 Македонија и Македонски телеком. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги.

Со регистрација на веб страницата на мобилниот оператор, корисникот ќе може да одбере дали М-тагот да биде врзан со неговата кредитна или дебитна картичка и со секое поминување на патарина ќе биде наплатена сумата или доколку сака ќе има опција наплатата за минување на патарина да биде на нивната телекомуникациска сметка. Мобилните оператори најавуваат промоции за своите корисници, а од Јавното претпријатие за државни патишта очекуваат дека на ваков начин М-таговите ќе станат подостапни за граѓаните.

  • Досега, М -таговите можеше да се купат во ЈПДП или на наплатата станица Петровец. На овој начин, ќе ги доближиме до граѓаните и ќе бидат понудени на кориснициите на двата најголеми мобилни оператори. Ако ја гледаме сегашната состојба, ние многу заостануваме во однос на нашите соседи во смисла на тоа дека имаме многу мал број на М- тагови, а многу плаќање во кеш. Проблемот се мултиплицира затоа што на патарините каде има М-таг поминуваат и со М-кард и доколку нема пари на картичката, се прави застој. Сето тоа го смалува протокот на возила на наплатните станици. Целта е да се зголеми протокот на возила на патарините а еден од главните начини е да имаме што поголема достапност на М- таговите. Тргнувајки од тој апсект, имавме јавен повик на кој се пријавија Македонски телеком и А1 Македонија кои имаат широка продажна мрежа низ Македонија и преку нивната мрежа ќе овозможат М-таговите да биде што подостапни – изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Покрај ова, Трајановски вели дека се размислува и за воведување на моделот на наплата на патарините како во Србија односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.

  • Промена на цената на патарината нема да има. Идејата е наплатата да биде на последната наплатна станица. На сите излези во меѓупросторот ќе има наплата. Проблемот кај нас е што има многу излези, но ќе го надминеме тоа – рече Трајановски.

Трајановски вели дека наплатата со М-тагови е зголемена и сега изнесува некаде околу 36% за разлика од претходно, но оти на овој начин М-таговите ќе бидат подостапни и протокот на патарините ќе биде полесен.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се […]

Потврдена средбата Муцунски-Петрова, Македонија ќе порача дека може да се најде решение само со дијалог

Сподели
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

Ратко Младиќ, пресуда за ОВК, Децата на Козара, Цар Самоил – како Балканците пак се насамарени

Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и верувајте повторно претставени како непоправливи глупчовци

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

To top