Македонија

(Фото): Огнот кај тетовско Желино никако да се смири, планината Жеден постојано чади

Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати. Така соопштија од Центарот за управување со кризи, во последното известување до јавноста.

Повторно оган во Желино. Продолжи справувањето со пожарот на планината Жеден каде сите индиции укажуваат дека е подметнат. Иако ситуацијата цело време се менува, за сега пет пожари беснеат на територијата на целата држава. Ер трактори гаснат од воздух, пожарникарите од земја. Жителите на Желино се многу претпазливи. Раскажуваат дека стравувале од пожарот, иако и натаму сакаат да веруваат дека огнот не е подметнат од човек.

Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати. Така соопштија од Центарот за управување со кризи, во последното известување до јавноста.

Кога се во прашање активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата:

  • Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
  • Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
  • Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
  • Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
  • Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
  • Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
  • Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)

Според Ангелов, екипите кои се активирани кај Желино успеале да го пресечат огнот и да не дозволат да се прошири кон селото Еребино.

На терен, покрај пожарникари од Скопје и Тетово, имаше и полициски и армиски возила за гаснење огнови. Во земјава и натаму се активни неколку пожари. Гори во Македонски брод, но и во Василево на планината Готен. Дел од пожарите се подметнати, како оној во Куманово, каде е уапсен 27-годишник кој под дејство на алкохол, со молотов коктел предизвикал пожар во Средорек.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top