Македонија

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Во период од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје, спроведоа заедничка инспекциска акција на целата територија на Општината. Целта беше да се постигне комунален ред и хигиена на јавните површини, со примена на засилена контрола на терен од страна на комунални инспектори. Акцијата беше реализирана со полн капацитет на инспекциските служби од двете институции, а Општината беше поделена на пет реони од кој секој реон беше предмет на контрола во две смени.

Во текот на вчерашниот ден, акцијата заврши со целосна контрола на територија на Бардовци и Злокуќани, каде што беше спроведено и чистење на јавни површини, диви депонии, а беа изречени и повеќе прекршочни платни налози. Во акцијата учествуваа вкупно 45 инспектори и комунални редари од двете институции и тоа: девет комунални инспектори, 17 комунални редари, еден градежен иснпектор, шест инспектори за животна средина, двајца инспектори за патишта, двајца инспектори за сообраќај, двајца инспектори за комунални такси, еден инспектор за данок, тројца инспектори за спорт и двајца инспектори за туризам, како и службата за одржување на хигиена на јавните површини од Општина Карпош.

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Во рамки на еднонеделната инспекциска акција, утврдени се низа неправилности:

1.Комунална инспекција – комунални инспектори:

  • Извршени се 192 инспекциски надзори,
  • донесени се 19 решенија за одстранување недостатоци,
  • изречени се 34 опомени,
  • изречени се 42 глоби за физички лица,
  • изречени се 27 глоби за правни лица.

2.Инспекција за животна средина:

  • Извршени се 90 инспекциски надзори,
  • издадени се 15 покани за присуство на странка,
  • донесени се 17 решенија за одстранување недостатоци,
  • издадени се 32 опомени за правилно селектирање на отпад,
  • изречена е една глоба.

3.Инспекција за туризам:

  • Извршени се 15 инспекциски надзори,
  • изречени се седум глоби,
  • издадено е едно решение за одстранување недостатоци,
  • изречени се две усни опомени.

4.Инспекција за спорт:

  • Извршени се 21 инспекциски надзор,
  • изречени се четири глоби,
  • издадени се шест решенија за задолжување.

5.Комунална инспекција – комунални редари:

  • Извршени се 231 надзор,
  • изречени се 134 глоби.

6.Инспекција за патишта:

  • Извршени се 39 инспекциски надзори.

7.Инспекција за комунални такси и данок на имот:

  • Извршени се 41 инспекциски надзор.

8.Инспекција за сообраќај:

  • Извршени се 80 инспекциски надзори,
  • одземени се пет сообраќајни дозволи,
  • издадени се пет решенија.

9.Градежна инспекција:

  • Извршени се 29 инспекциски надзори,
  • издадени се пет покани за присуство на странка,
  • изречени се 15 усни опомени, по кои надзираните субјекти постапили веднаш.

Општина Карпош и Град Скопје продолжуваат со засилено и координирано делување на терен и во наредниот период, а посебен акцент ќе се стави  во УЗ Злокуќани. Локалната самоуправа апелира до своите граѓани и правни субјекти, да ги почитуваат законските обврски, како и правилно да го одлагаат и селектираат отпадот.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

Најнови вести

To top