Македонија Бизнис

(Фото+Видео): Како изгледа реконструираниот автопат од Подмоље до Охрид?!

И официјално пуштена е за сообраќај е делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево – Охрид. Оваа делница досега беше затворена поради градежни работи, а сообраќајот се одвиваше по стариот регионален пат. По тој повод, увид во текот на денот извршија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното […]

И официјално пуштена е за сообраќај е делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево – Охрид. Оваа делница досега беше затворена поради градежни работи, а сообраќајот се одвиваше по стариот регионален пат. По тој повод, увид во текот на денот извршија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. Тие информираа дека изградбата на автопатот се одвива согласно договорената динамика, и покрај, како што беше истакнато, бројните проблеми од минатото.

Според нив, градбата на автопатот била во целосен застој цели седум години за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Од моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта, работите продолжиле со зголемено темпо. Се очекува комплетната изградба на автопатот Кичево – Охрид да заврши до крајот на 2026 година.

Видеото кое прикажува од птичја перспектива како изгледа автопатот, погледнете го ТУКА.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

To top