Македонија

Фрчкоски повика да се гласа за човекот кој се сретна со Заев и го прозва Панчо пред смртта

Бара СДСМ да се обедини преку човекот кој влезот во вториот круг во тажниот град го прослави со труби

Екс министерот на СДСМ Љубомир Фрчкоски кој важи за идеолог на Бихаќка повика да се гласа за независниот кандидат за градоначалник на Кочани Венко Крстевски.

Во својата последна колумна Фрчкоски повика да се гласа за човекот кој по првиот круг се сретна со Зоран Заев а предизвика многу реакции откако го прозва Панчо од ДНК пред неговата смрт.

Крстевски ја збуни јавноста откако по првиот круг во тажниот град Кочани со труби го прослави пласманот во вториот круг.

Фрчкоски целата вина за Кочани ја фрла на ВМРО-ДПМНЕ иако неговата партија СДСМ цели седум години ја толерирала незаконитоста во дискотеката на смртта Пулс.

Екс министерот и амбасадор бара СДСМ да се обедини околу Крстевски.

,,Треба да се направи се’ околу обединување на опозиционите сили околу независниот кандидат и да се обиде да се сопре злото. Тоа во Кочани така треба да се нарече – зло. Не системот бил крив, не сите сме виновни – злото треба да се спречи и победи во Кочани”, пишува Фрчкоски во својата последна колумна.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top