Македонија

Гази Баба е најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции

Првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции! – Според најновиот извештај на реномираната организација Центар за граѓански комуникации, Гази Баба го презеде приматот како општина со најголема вредност на јавни набавки на ниво на целата држава. […]

Првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции!

– Според најновиот извештај на реномираната организација Центар за граѓански комуникации, Гази Баба го презеде приматот како општина со најголема вредност на јавни набавки на ниво на целата држава.

Во топ 10 листата на единици на локалната самоуправа со најголема вредност на реализирани тендери:

1 Гази Баба – 11,7 милиони евра

1 Битола – 11,4 милиони евра

1 Аеродром – 10 милиони евра

Ова е сериозно признание и силен доказ за вистинскиот развој на општината, за посветената, одговорна и чесна работа која секојдневно ја вложуваме за доброто на нашите граѓани, сподели Стефковски.

Вели дека продолжуваат со исто темпо напред.

– Да се биде на врвот, да се завземе првото место на листата што децении наназад ѝ припаѓаше на Градот Скопје, за мене е огромна чест, но и обврска. Ова признание не е само бројка – тоа е потврда дека сме на вистинскиот пат!  Не запираме, продолжуваме! Со уште повеќе работа, со уште повеќе проекти, со уште повеќе резултати – за Гази Баба, за народот! – порача Стефковски кој е кандидат за упте еден граоначалнички мандат на претстојните локални избори и им се заблагодари на граѓаните за довербата.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top