Македонија

Грчева: Евроизвештајот зборува повеќе за ЕУ, отколку за нас! Не ни ги дале, ниту можат да ни ги одземат јазикот и идентитетот!

„Европскиот извештај за нас е срамен, но зборува за ЕУ повеќе отколку за нас. Тие ниту ни ги дале, ниту можат да ни ги одземат идентитетот и јазикот. Само бедно се покриваат со слугите, нашите ‘драги’ соседи. Плаќаме и за ‘дипломатијата’ на Османи од јули 2022 година.“–  реагира Солза Грчева, претседателка на партијата „Глас за […]

Европскиот извештај за нас е срамен, но зборува за ЕУ повеќе отколку за нас. Тие ниту ни ги дале, ниту можат да ни ги одземат идентитетот и јазикот. Само бедно се покриваат со слугите, нашите ‘драги’ соседи. Плаќаме и за ‘дипломатијата’ на Османи од јули 2022 година.“–  реагира Солза Грчева, претседателка на партијата „Глас за Македонија и национален координатор за реформи во високото образование, преку личниот и партискиот фејсбук-профил.

Во реакцијата на општествената мрежа Грчева додава: Во оваа пригода се сетив на една британска анегдота, која оди вака: „Некој аристократ се обидувал целиот живот да стане член на елитен клуб. Секоја година го одбивале со бедни објаснувања. Тој остарел, одел веќе со патерици, станал сенка од тоа што бил. Еден ден добил писмо од клубот дека ќе го примат. Неговиот одговор бил: ‘Не сакам да бидам член на клуб, кој прима вакви како мене’.“

Дали ќе извлечеме поуки?

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top