Македонија Свет

Гренланд се враќа на старото време од 2027

Дебатата за временската зона траеше со години

По одлука на парламентот, поголемиот дел од Гренланд од 31 октомври 2027 година ќе премине на старата временска зона ГМТ-3. Со тоа островот се оддалечува од европското сметање на времето, кое го прифати во 2023 година.

Временската разлика со Копенхаген ќе порасне на четири часа, додека со Вашингтон ќе се намали на два часа. Летното сметање на времето останува во сила.

Преминот на ГМТ-2 пред три години беше направен со цел подобро усогласување со Данска и Европа.

Сега, по притисок од дел од населението, се прави враќање. За оваа промена биле собрани околу 4.000 потписи во земја со близу 56.000 жители.

Премиерот Јенс-Фредерик Нилсен беше против одлуката. Тој предупреди дека враќањето може да нанесе економски штети, бидејќи главните трговски партнери на Гренланд се во Европа.

Нилсен укажа и дека ќе се скрати времето за консултации на здравствениот систем со дански специјалисти, а можно е да се појават и потешкотии во воздушниот сообраќај кон Европа.

И покрај предупредувањата, значителен дел од жителите ја поддржуваат промената и сметаат дека ГМТ-3 подобро одговара на географската положба и секојдневниот живот на островот.

Најнови вести од: Македонија Свет

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

To top