Македонија

Грција по стапките на Бугарија: веќе започна кампања за издавање државјанство на македонски граѓани „со грчко потекло“!

„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина.“ – пишува во објавата на Амбасадата на Грција во Скопје.

Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани, кои „имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство“.

„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, пишува во објавата на Амбасадата на Грција во Скопје.

Во објавата се посочува дека граѓаните можат да најдат информации за условите, потребната документација и основните чекори за аплицирање за грчко државјанство врз основа на потекло, преку родител или баба и дедо со грчко потекло.

Постапката започнува во грчкиот конзулат надлежен за местото на живеење, каде што заинтересираните можат да добијат дополнителни насоки и информации за секоја фаза од процесот.

Од Амбасадата ги повикуваат македонските граѓани да се информираат и да проверат дали ги исполнуваат законските услови за стекнување грчко државјанство, а едновремено упатуваат и кон официјални извори со дополнителни информации за постапката.

Најнови вести од: Македонија

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

To top