Македонија

Хоџа: Вреди ќе биде во Владата и по локалните – ДУИ ги измамува активистите дека ќе се врати во владата, што нема да се случи

Заменикот-министер за земјоделство од Вреди Албрим Хоџа: „По локалните избори ДУИ конечно ќе биде отстранета од институциите, што ги зароби, како што беше отстранета и од централната власт пред една година!“

„Заменик-министерот за земјоделство Албрим Хоџа порача преку општествените мрежи дека коалицијата Вреди ќе продолжи да биде дел од владата и по локалните избори на есен, отфрлајќи ги гласините за двојни избори.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата информација со наслов „Хоџа: ДУИ ги измами своите активисти – нема враќање во владата на есен“.

Натаму порталот наведува: „Нешто треба да ни биде јасно на сите нам: Вреди ќе продолжи да биде дел од владата и по локалните избори.“ – напиша Хоџа во објава на општествените мрежи. Тој ги критикуваше ДУИ и нејзините нови партнери, кои, според него, ги поттикнаа надежите на партиските активисти дека на есен ќе се одржат и парламентарни избори, што би им овозможиле да се вратат во централната власт.

„ДУИ и нејзините нови партнери ги измамуваат своите партиски активисти дека ќе има двојни избори наесен и оти потоа ќе се вратат во централната власт. Но, тоа нема да се случи.“ – истакнува Хоџа.

Според него, граѓаните ќе гласаат само за локалната власт. „На есен ќе имаме само локални избори. ДУИ конечно ќе биде отстранета од институциите, што ги зароби, како што беше отстранета и од централната власт пред една година.“ – порача Албрим Хоџа преку фејсбук. – пренесе „Актуале“.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

To top