Македонија

Ибрахими на 15.9.2016 порача „Живееме во Македонија, но ја сакаме и ја сонуваме Албанија“, а на 5.7.2025 ја основа „Арберија“ со „повик за обединување на Албанците“!

„Во сабота, на 5 јули 2025 година, во Албанскиот театар во Скопје, ќе го основаме официјално Движењето ‘Арберија’  – една смела и чесна идеја, која произлегува од албанската совест. ‘Арберија’ не е партија.  Тоа е нова самосвест, револт кон политичката разочараност, кон манипулирањето со активистите и искористувањето на граѓанинот.“ – соопшти поранешниот пратеник Орхан Ибраими. […]

„Во сабота, на 5 јули 2025 година, во Албанскиот театар во Скопје, ќе го основаме официјално Движењето ‘Арберија’  – една смела и чесна идеја, која произлегува од албанската совест. ‘Арберија’ не е партија.  Тоа е нова самосвест, револт кон политичката разочараност, кон манипулирањето со активистите и искористувањето на граѓанинот.“ – соопшти поранешниот пратеник Орхан Ибраими. Ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Инаку, информативниот портал на албански јазик „Сот“ ја пренесе на 15 септември следната изјава на Ибрахими, дадена кога бил пратеник од ДПА: Живееме во Македонија, но ја сакаме и ја сонуваме Албанија“!

Во најавата за саботното конституирање на новото „политичко Движење“ Орхани дополнува: „Арберија’ е повик за обединување, за одговорност, повик за чесна акција и за проектирање на иднината. Албанците немаат повеќе потреба за  сопственици на каузи, туку за едно слободно организирање, кое се раѓа од Албанците и кое работи за Албанците. ‘Арберија’ е надеж, тоа е отпор. Тоа е место за средба на поколенијата, кои не се предаваат.“

Во вест со наслов „Орхан Ибрахими најавува формирање нова партија: Ќе им ја донесеме слободата на Албанците!“ на 2 ноември 2023 година информативниот портал „Телеграм“ имаше објавено: Орхан Ибраими изјави дека заедно со неговите поранешни колеги, пратениците на ДПА Беким Фазлиу, Газменд Алиу и Мерале Ферати, се трудат да формираат нова политичка партија, која ќе ја реактивира идејата за еднаквост, правда и демократија за Албанците.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top