Македонија

Ибрахими: Успеавме да ги амортизираме обидите на албанската опозиција да предизвикува инциденти спроти локалните избори

„Веќе сум сигурен дека нема да успеат да создадат инциденти. Но, ќе ја држат сцената напната долго време.“ – нагласува лидерот на Алтернатива и еден на челниците на коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими.

Лидерот на Алтернатива и еден од челниците на коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими, во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“ коментира дека спроти годинашниве локални избори албанската опозиција постојано се обидува да предизвикува инциденти. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Порталот ја цитира изјавата, што ја даде Ибрахими во овој контекст: „Но успеавме да ги амортизираме таквите обиди на албанската опозиција. Бидејќи, штом не се на власт, ниту имаат понуда за локалните избори, ним им е потребно да има тензии. Постојано тврдат дека Албанците се дефакторизирани, оти се деградирани. Веќе сум сигурен дека нема да успеат да создадат инциденти. Но, ќе ја држат сцената напната долго време. Должност наша и на државата е да спречиме инциденти. Победата ќе биде осигурена во оној момент, кога ќе ги спречиме можните инциденти, кои ги посакува албанската опозиција.“

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top