Македонија

ИЈЗ: Водата во Гостивар не е за никаква употреба

До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака. АХВ издаде забрана за употреба на водата од гостиварскиот водовод поради сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.

Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака, соопштија од Институтот за јавно здравје.

  • Со навремено почитување на препораките значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања што се пренесуваат преку вода. Особено внимание треба да се посвети на заштитата на доенчињата, малите деца, бремените жени, постарите лица и лицата со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешки последици при појава на цревни инфекции – нагласија од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања.

Кога станува збор за вода за пиење и подготовка на храна, препораките се да не се користи вода од градскиот водовод.

  • Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку четири литри вода по лице на ден. За пиење користете фабрички пакувана вода – флаширана вода. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук што се консумираат свежи, подготовка на мраз, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња – се додава во соопштението.

Се советува рацете да се мијат често со сапун и безбедна вода – флаширана, особено пред подготовка и консумирање храна, по користење на тоалет, по менување пелени, по контакт со заболено лице. Доколку нема безбедна вода, добра опција е да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол кога рацете не се видливо извалкани.

  • За миење заби користете исклучиво безбедна вода – флаширана. За туширање и капење да се користи безбедна вода – флаширана или превириена вода, но, да се внимава водата да не се голта. Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба – се додава во соопштението.

При подготовка на храна, од Институтот советуваат таа добро термички да се обработува.

  • Избегнувајте подготовка на храна што не се готви доколку не може да се користи безбедна вода. Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење – пишува во соопштението.

Има препораки и до ресторани, кафулиња и угостителски објекти. Според Институтот – да не користат вода од водоводот за подготовка на пијалаци, да не користат вода за миење овошје и зеленчук, да користат само безбедна вода – флаширана за подготовка на храна, а машините за мраз да не се користат. Во градинките препораките се децата да пијат исклучиво безбедна вода – флаширана, да не се користат чешмите за полнење шишиња, храната да се подготвува само со безбедна – флаширана вода.

  • Веднаш обратете се кај матичен лекар или во најблиската здравствена установа доколку се појават дијареја, повраќање, гадење, стомачни грчеви, покачена температура, слабост, знаци на дехидратација – силна жед, сува уста, намалено мокрење, омалаксаност. Особено внимание е потребно кај доенчиња и мали деца, бремени жени, постари лица, лица со хронични заболувања и ослабен имунитет – апелираат од Институтот.

Од Институтот за јавно здравје дадоа препораки и што да се направи кога ќе се укине забраната.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top