Македонија

Иљо Антески-Смок (25.7.1919-17.5.1943) сам си ја стави јамката на вратот во затворот во Тирана и со кренати тупаници замина во бесмртноста

„Другари, смрт на фашизмот – да живее револуцијата!“ – извика со силен и пробивен глас Иљо Антески-Смок ноќта меѓу меѓу 16 и 17 мај 1943 година во затворот во Тирана со кренати тупаници на двете раце пред очите на повеќе од 400 затвореници. Пред тоа самиот се качи на сандакот со бесилката, со своите раце […]

„Другари, смрт на фашизмот – да живее револуцијата!“ – извика со силен и пробивен глас Иљо Антески-Смок ноќта меѓу меѓу 16 и 17 мај 1943 година во затворот во Тирана со кренати тупаници на двете раце пред очите на повеќе од 400 затвореници. Пред тоа самиот се качи на сандакот со бесилката, со своите раце ја зеде јамката, самиот си ја стави на вратот и по извикот јуначки замина во бесмртноста, покажувајќи како се бори и како умира Македонецот за слободата на Македонија и македонскиот народ. Денес се навршуваат 106 години од раѓањето на Иљо Антески-Смок, народниот херој на македонскиот народ, македонскиот комунист и првоборец. Неговата револуционерна борба и саможртва го впишуваат во најсветлите страници на македонската национална историја и на колективното паметење на македонскиот народ.

Иљо Антески-Смок е роден на 25 јули 1919 година во Тетово во сиромашно печалбарско семејство. По завршувањето на основното и средно образование, работел во монополот во Тетово. Во 1939 година се запишал како вонреден студент на Правниот факултет во Белград. Соочувајќи се секојдневно со неправдата, се приклучил на работничкото движење. Во 1940 година Илија станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а во септември 1941 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и Месниот комитет (МК) на Тетово.

По априлската војна во 1941 година, нацистичка Германија ја окупира Југославија, а Македонија ја подели на бугарска и италијанска окупациона зона. Со својата активност Илија дал голем придонес во антифашистичката борба во италијанската окупациона зона. Неуморно работел населението од Тетово и Тетовско активно да се вклучи во оружената борба за слобода во текот на Втората светска војна Поради својата активност, во јуни 1942 година тој бил принуден да премине во илегала, а на почетокот на септември истата година заминал во партизани.

Илија се приклучил на Гостиварско-Мавровскиот Народноослободителен партизански одред „Кораб“. Потоа бил назначен како политички комесар на одредот и инструктор на Окружниот комитет на КПЈ за делот на Македонија под италијанска окупација. Ноќта на 26.спроти 27 март 1943, на Велигден, партизаните од новоформираниот партизански одред „Кораб“ упаднале во заседа во Ново Село, Гостиварско. Во нерамноправна борба со балистите во селото загинале Злате Дамјановски, Анте Гиноски, Радован Цониќ и Боге Велјановски. Душко Поповиќ, Илија Антевски-Смок, Раде Угриновски, Драге Тодоровски, Трифко Андоновски, Христо Оџаклиевски, Злате Малаковски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа и Сина Димитровска биле заробени, а осуммина успеале да го пробијат непријателскиот обрач.

Како политички комесар на овој одред Илија Антевски-Смок бил заробен со уште девет партизани од балистите по овој оружен судир. Прво бил затворен во Гостивар, каде што бил мачен, а потоа бил спроведен од италијанските фашистички сили во Тирана, во Албанија, заедно со другите заробени. Малолетните партизани, меѓу кои и народниот херој Злате Малакоски биле осудени на робија, а ворасните биле осудени на смрт со бесење. Поради оваа одлука на фашистичките колаборационисти, Комунистичката партија на Албанија испечатила летоци и повикала на протест. „Народе на Тирана, шест Македонци, борци за слобода, ги бесат денес фашистичките колачи на тиранската земја.“ – било напишано на врвот на летокот.

Истиот ден Околискиот комитет на Комунистичката партија на Албанија за Тирана организирал масовни демонстрации, на кои излегле илјадници жители на Тирана. Подробности за овие демонстрации навел Илија Топалоски во својата статија „Нашата бригада и братството со албанскиот народ“. Демонстрациите не дале резултат. Покрај Иљо Антески-Смок, во затворот во Тирана биле убиени и комунистите Душко Поповиќ, Христо Оџаклиевски, Раде Угриновски, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски, заробени заедно со него.

Иљо Антевски Смок ѝ припаѓаше на онаа плејада борци од НОБ и антифашистичката војна, кои несебично се жртвуваа за националната слобода на Македонија. Тој загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата, во која толку многу веруваше. Но, неговите дела и идеали длабоко се врежани во срцето на македонскиот народ и се вградени засекогаш во темелите на македонската држава. Денес неговото име го носи националната установа Центар за култура во Тетово, а постои и спомен-обележје во тетовската населба Два Бреста.

Извор: Википедија, „Македонска нација“

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.Натаму Сулејмани истакна: – Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега […]

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Најнови вести

To top