Македонија

IN MEMORIAM: Замина доајенката на македонското новинарство и националното радио

Важеше за голем борец за соодветна употреба на македонскиот јазик и современиот радио израз.

 

Вчера во Скопје, на 62 годишна возраст почина доајенот на македонското новинарство, уредничката во Македонското Радио Валентина Базерко.

 

 

Новинарската кариера ја започна во весникот „Млад борец”, а потоа самопрегорно над 3 децении работеше во Македонското радио каде имаше повеќе новинарски и уреднички позиции.

 

Базерко важи за голем борец за соодветна употреба на македонскиот јазик и современиот радио израз.

 

Колегите од сите медиуми се простуваат од Валентина Базерко.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top