Македонија

„Инфошќип“: Потрес во Тетово, над 40 активисти од ДУИ ѝ се придружија на Вреди! – Азизи: Почна распадот на ДУИ во Полог!

ДУИ објавија дека ќе имаат кандидати за градоначалници само во две општини со „тежина“ – во Тетово и Чаир, а истиов ден, на 21 јули 2025, ги напуштија повеќе од 40 активисти од локалните структури на ДУИ токму во Тетово?! Се сели ли партијата на Ахмети од опозицијата на крајната периферија на политичката сцена, меѓу маргиналните и небитните?!

„Тетово доживува нов бран на политичка мобилизација: десетици активисти од Младинскиот форум на ДУИ и подогранокот на ДУИ во градската населба Теќе ѝ се приклучија на коалицијата Вреди! Ова е вонреден развој на настаните и голем пресврт на локалната политичка сцена: повеќе од 40 луѓе организирано, со јасен политички чин се оградија од ДУИ и се наредија на линијата на Вреди и визијата на градоначалникот на Тетово Билал Касами.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата информација со наслов „Потрес во Тетово: десеттици активисти на ДУИ преминуваат во Вреди, го поддржуваат Билал Касами и  се стремат кон промени!“

Натаму порталот пишува: „Овој тренд на напуштање на ДУИ и приклучување кон Вреди започна одамна во тишина, но сега добива јавен замав. Деструктивните политики и манипулативните задкулисни акции ги наведоа младите и структурите на ДУИ да изберат промени и да ги прифатат активностите на Касами во трансформацијата на Тетово.“ – изјави раководителот на централниот штаб на Вреди Аднан Азизи.

Според него, ова е само почеток на голем бран  на преминувања во Вреди, кој ќе ги опфати сите ограноци на ДУИ во Тетово. „Населбата Теќе е само првата точка, многу други се подготвени да се упатат кон Вреди. Започнува целосниот распад на ДУИ во Полог!“ – нагласува Азизи.

Вреди станува привлечна за оние, кои сакаат напредок и крај на една истрошена политичка ера. – објави „Инфошќип“.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top