Македонија

Историска посета на Бигорскиот манастир од гувернерот на Света Гора

Алкивијадис Стефанис го нарече манастирот дека му е еден од омилените

Цивилниот управител (гувернер) на Света Гора Атонска, Алкивијадис Стефанис, првпат ја посети Бигорската обител, каде на сеноќното бдение по повод манастирската слава – Рождеството на свети Јован Крстител (Иванден) – ја изрази својата голема почит кон манастирот.

„Кога сум на Света Гора, ме прашуваат кој ми е омилен манастир, а јас одговарам дека сите дваесет манастири ми се омилени. Отсега ќе велам дека дваесет и еден манастир ми се омилени, додавајќи ја и оваа света обител овде“, кажал Стефанис.

Гувернерот Стефанис пристигнал заедно со познатиот светогорски старец Антипа. На бдението присуствувале голем број монаси и верници од Македонија, како и гости од Света Гора, Грција и Романија.

Епископот антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, ја оцени посетата како историски значајна.

„Вашето доаѓање, заедно со нашиот драг брат во Христа, ценетиот светогорски старец Антипа, ние го доживуваме навистина како едно големо и благословено знамение. Во него препознаваме еден мост на љубов, почит и духовно сродство меѓу Бигорскиот манастир и Светата Гора Атонска“, рече епископот Партениј.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top