Македонија

Изградил објект и ѝ го „заѕидал“ прозорецот на сосетката

Новоизграден објект веднаш до куќата на тетовчанката Живка Велјановска го остави нејзиниот дом без природна дневна светлина

Имено, новоградбата на соседот, ѝ го затвори прозорецот, и покрај нејзините поплаки и жалби до надлежните служби, објави телевизија Телма.

„Народната изрека „на еден да му се стемни за на друг да му се раздени“ во целост се исполнува кога општина Тетово носи урбанистички одлуки. Иако еднаш го отфрлила решенеито за градба, истата служба понатмау носи спортивна одлука. Па така Живка Велјановска и соседот останаа без дневна светлина заради изгрдаба на зграда“ се вели во сторијата на ТВ Телма..

За новоизградениот објект општина Тетово дала одобрение за градба кое било поништено од Министерството за транспорт и врски.

Потоа соседот побарал ново одобрение за градба од општината кое било прифатено и од второстепена комисија во Министерството.

Велјановска го обжалила и ова второ одобрение пред Управен суд и пред Виш управен суд, но веќе шест месеци за нејзината жалба нема одлука, а соседот во меѓувреме ја подигнал својоата карабина и целосно го соѕидал прозорецот на тетовчанката.

„Освен што се соочуваме со неправда има и постојани проблеми и закани од соседот. Сме повикале и полиција и инспекција и сите надлежни институции, нема кај не сме биле, но никој ништо не ни помага. Се вртиме во лавиринт. Ни изгради објект позади, ни затвори прозири, ја исече стреата, куќата ни ја разниша, олуците ги оштети, чатија треба да се направи. Не не пушта да исчистиме горе оџак, паѓаат ќерамиди“, раскажа велјановска за Телма.

Од ТВ Телма побарале, но не добила образложение од Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски како е можно за истиот предмет еднаш да не се дозволува градба, а со второто барање да му се одобри градењето на соседот на Велјановска.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top