Македонија

Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ го афирмираше женското стрип творештво!

Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“

— Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ беше свечено отворена во галеријата „КО- РА“ во Скопје на 14 септември 2026 година со почеток во 19 часот. Проектот е организиран од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и Здружението „Стрип центар – Стрипот може“ од Велес На настанот свои дела претставијавизуелните и мултидисциплинарните авторки: Дона да Видра, Евгенија Трајковска и Ангела Петрушевска.

Тим лидер е Томе Трајков, а куратор Иван Станчевски. Како што истакнува Томе Трајков, којшто е и претседател на Здружението „СТРИПОТ МОЖЕ“ поставката понуди увид во визуелното раскажување и развојот на стрип-културата кај нас.

Ако пред околу 3 децении се зборуваше дека во списанието Лифт имало објавено кратки стрипови од две стрип авторки , кои се појавуваа под псевдоними(!?) Псило и Вентолина, едната цртач, а другата сценарист…тогаш веќе во 2010 г се јавува ликовниот уметник Иванка Апостолова единствената авторка од Македонија вклучена , во регионалниот проект “АНТОЛОГИЈА НА ЖЕНСКИОТ СТРИП “ на уредничката и авторка Ирена Јукиќ Прањиќ/

А сега .. Секој којшто ја следи балканската стрип сцена и стрип фестивали лесно ќе забележи дека панел дискусии на тема „ЖЕНСКИОТ СТРИП “ прераснаа во ситуација на тренд, престиж и контрапрестиж .со други зборови тие се чувствува и натпревар помегу самите фестивали. Се формираат посебни здруженија и мрежи на женски стрип ,како на пример СТРИПОТЕТКИ и др.

Како и да е , дали е темата женски стрип оправдана или не , таа може да се перцепира исклучиво во склоп на развојот и афирмацијата на сеопштиот македонски стрип, во и вон Македонија. Дури постои мислење дека кај жените авторки е понагласена трпеливоста во самиот процес на подготвување на едно стрип дело..завршува Трајков.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top