Македонија

Извршен вонреден надзор во три болници по случајот со родилката која остана неподвижна по извршен царски рес

Инспекторатот проверува три здравствени установи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден надзор во три здравствени установи за да се утврди зошто 19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница не може да оди по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип.

Инспекторите ја проверуваат медицинската документација и третманот на пациентката во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје. Министерството за здравство најави дека по завршувањето на инспекцијата ќе следува и стручен надзор, по што ќе бидат разгледани евентуалните натамошни мерки.

Михајлова по породувањето има тешкотии со движењето и користи инвалидска количка. Семејството тврди дека проблемите биле присутни уште при нејзиното отпуштање од штипската болница, иако во документацијата било наведено дека е пуштена „во добра општа состојба“. Причината за нејзината состојба засега не е утврдена.

Според информациите, во изминатиот месец пациентката била подложена на повеќе од 27 прегледи, но сè уште не е утврдена причината поради која не може самостојно да оди. Таа моментално се лекува на одделот за неврологија во штипската болница.

Од Клиничката болница во Штип соопштија дека постоперативниот тек бил уреден и дека пациентката подоцна се јавила со слабост во долните екстремитети. Директорот Владко Захариев најави дека ќе има одговорност доколку стручниот надзор утврди лекарски пропуст.

Министерството порача дека случајот ќе биде испитан „темелно, професионално и до крај“ и дека ниту еден аспект нема да биде изоставен. Доколку се утврдат пропусти во лекувањето или постапувањето на здравствените работници, ќе бидат преземени мерки во согласност со законските надлежности.

Од институцијата апелираат да не се носат предвремени заклучоци за причината и евентуалната одговорност додека не завршат инспекцискиот и стручниот надзор. Министерството најави дека јавноста ќе биде информирана откако ќе бидат собрани медицинската документација и конечните наоди.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top