Македонија

Јовановски бара забрана за откуп на бронза по кражбата на бистата на Вера Јоциќ

Ако некој ги оштетува спомен-обележјата, како тоа на народната хероина, да одговара за вандализам, предлага актерот

Актерот Владо Јовановски реагира за кражбата на бистата на народната хероина Вера Јоциќ од парк во општината Центар во петокот претпладне со предлог за донесување закон за забрана за откуп на бронза.

„Во прилог на зачувување на меморијата, имам една идеја.

Да не се дозволува да се откупува бронза.
Да се донесе закон да не може да продадеш бронза.
Каде на друго место ја има, освен во бистите, статуите и во камбаните на црквите?
Зошто да ги стимулираме варварите да ги крадат, уништуваат и продаваат за старо железо, бришејќи ни ја историјата и меморијата.
А ако некој ги оштетува, ќе одговара за вандализам“, напиша Јовановски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top