Македонија

Каков е ризикот од пожари во Македонија за Петок 11 Јули

По неколку месеци исклучителна работа и тестирање е развиен нумерички систем што може да се користи за проценка на потенцијалот за шумски пожари

Нумерички систем за проценка на потенцијалот за шумски пожари врз основа на временските услови за ден 11 Јули 2025 покажува дека висока опасност во подрачјето на Вардарската Долина и во делови на Охридскиот регион, Пелагонија, Плачковица и Дојранско.

Дизајнер на овој модел кој дава проценка за опасност од пожари е Владо Спиридонов, водечки експерт метеоролог и редовен професор по метеорологија на Природно Математичкиот факултет.

 

Пред два дена професорот Спиридонов кој е и член на советот за безбедност на претседателката Гордана Сиљановска Давкова објави дека по неколку месеци исклучителна работа и тестирање бил развиен нумеричкиот систем што може да се користи за проценка на потенцијалот за шумски пожари врз основа на временските услови!

 

Со својата прва слика овој модел даде точна прогноза на екстремен индекс за 9 Јули, по долината на Вардар и Скопското рурално подрачје кое беше зафатено со пожари.

Моделот точно ја предвиде ситуацијата и за 10 Јули 2025, кога ситуацијата беше за нијанса посмирена, иако повторно се предвидуваше многу висок ризик во југоисточните делови од Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top