Македонија

Кандидирањето на некои министри за градоначалници, нема да влијае на работата на институциите

На само неколку дена од распишувањето на локалните избори, партиите објавуваат кандидати за градоначалници, а листата се уште не е комплетирана. Овие избори се издвојуваат и поради тоа што двајца актуелни министри, ќе ги напуштат министерските фотелји за градоначалничката трка. Актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Меџити е подготвен вицепремиерските и министерски должности да […]

На само неколку дена од распишувањето на локалните избори, партиите објавуваат кандидати за градоначалници, а листата се уште не е комплетирана. Овие избори се издвојуваат и поради тоа што двајца актуелни министри, ќе ги напуштат министерските фотелји за градоначалничката трка. Актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Меџити е подготвен вицепремиерските и министерски должности да ги остави за градоначалничката трка. Истото ќе го направи Фатмир Лимани, актуелен министер за социјална политика, демографија и млади кој ќе се бори за градоначалник на Кичево. Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, ова нема да има никакво влијание во работата на овие министерства Тоа е одлука на Коалицијата Вреди и ние сметаме дека нема да има никаков проблем во однос на функционирањето на министерсвтата бидејќи истите тие места веднаш по изборите ќе бидат пополнети, а во меѓувреме ќе функционираат со своите заменици, рече Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top