Македонија

Касами: Коалицијата ВРЕДИ ќе прерасне во партија

Еден од лидерите на ВРЕДИ вели дека сегашната коалиција на 4 партии е на пат да се трансформира во политичка партија, спојувајќи ги сегашните субјекти кои ја сочинуваат коалицијата

 

 

Преовлаува мислењето за заедничка политичка организација, наспроти варијантата да се биде коалиција меѓу повеќе политички партии“, изјави Касами во гостување на  „Алсат“.

Тој појасни дека ВРЕДИ ќе има сложена лидерска структура, каде што ќе се најдат застапени сите структури.

Касами вели дека ќе има претседателско тело, каде одлуките ќе се носат со консензус.

„Раководството на ВРЕДИ не може да биде класичен и едноставен модел. Тоа значи дека пред да му ја дадеме главната тежина на претседавачот, треба да имаме претседателство или претседавање со ВРЕДИ каде најголем дел од одлуките се носат со консензус како и досега, а раководителите на субјектите што ја сочинуваат Коалицијата имаат важни позиции во оваа организација“, изјави Касами.

Сепак, тој рече дека ВРЕДИ ќе има претставник претседавач.Телеграфи 

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top