Македонија Свет

Ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел – МНР апелира да не се патува во земјите од Блискиот Исток

Нови четворица македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со утрешниот лет од Тел Авив до Атина, соопштија од МНР. Станува збор за семејство, мајка и три деца. „Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени […]

Нови четворица македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со утрешниот лет од Тел Авив до Атина, соопштија од МНР. Станува збор за семејство, мајка и три деца.

  • „Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку Министерството за транспорт на Израел, во рамките на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина“, велат од Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани што се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Исто така, се апелира и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите во овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба. МНР ги повикува македонските граѓани што се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.

Оттаму ги наведуваат контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби на Блискиот Исток, каде македонските граѓани можат да се обратат:

Амбасада на Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk

Амбасада на Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk

Амбасада на Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Е-пошта: doha@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Претходно, МНР соопшти дека преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.

Најнови вести од: Македонија Свет

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

(Фото): Свечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар Карпош

По повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Остри реакции во Бугарија и Грција околу „спектаклот“ „Враќањето на бугарскиот цар Самуил во татковината“ (2)

Денешниот пропаганден циркус „Враќањето на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во татковината Бугарија“, кој без никакво сомневање има за цел да го поттикне создавањето на „заедничката историја на Македонија со Бугарија“, односно бугаризирањето на автентичната македонска национална историја, наидува на негативни и критички реакции токму во Бугарија и Грција – двете држави, кои го приредуваат овој „спектакл“ и „лошососедско“ политичко поигрување со сѐ уште научно непотврдените мошти – дали и навистина му припаѓаат на инаку македонскиот цар Самуил.

To top