Македонија

Ќе се формира Агенција за иновации во која ќе бидат вклучени две институции

Наскоро ќе се формира нова Агенција за иновации, во која, според новиот предлог закон доставен пред пратениците, ќе бидат вклучени две постоечки институции. Според предлог законот за иновациска дејност, на предлог на повеќе пратеници од владејчката гарнитура, со новиот закон треба да се прошири регулирањето на научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Новиот закон предвидува укинување на Агенцијата […]

Наскоро ќе се формира нова Агенција за иновации, во која, според новиот предлог закон доставен пред пратениците, ќе бидат вклучени две постоечки институции. Според предлог законот за иновациска дејност, на предлог на повеќе пратеници од владејчката гарнитура, со новиот закон треба да се прошири регулирањето на научно-технолошкиот развој и претприемништвото.

Новиот закон предвидува укинување на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Македонија и на Фондот за иновации и технолошки развој и формирање на нова институција која ќе биде наречена Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

– Поради недоволниот капацитет на постоечките две институции за поддршка на иновации и претприемништво: АППРМ и Фондот за иновации и технолошки развој ќе се формриа нова институција зајакната со нов кадар и со финансиски средства ќе овозможи зголемена поддршка на иновациите и научно-технолошкиот развој во државата. Овие предизвици бараат целосно осовременување на законската рамка, со фокус на јасни надлежности, транспарентни механизми за обезбедување на квалитет, рационализација на процесите и воспоставување на систем за следење, евалуација и професионална поддршка  – се потенцира во законот кој веќе е во Собранието.

Како што е посочено, по оформувањето на Агенцијата, таа ќе делува како самостоен орган, независна во својата работа и ќе одговара пред Владата. Финансирањето на Агенцијата ќе биде од средства од Буџетот, но и со донации, прилози, подароци и помош. Таа нема да остварува профит, а нејзина област на дејствување ќе биде да дава услуги и финансиски средства согласно со стратегии кои се однесуваат на финансиска поддршка на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Фокусот како што е наведено во законот ќе биде на доделување на финансиски средства за иновациски проекти за раст на новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин-оф претпријатија. доделување на кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Меѓу нивните обврски ќе биде и доделување на кофинансирани грантови за трансфер на технологии со цел поголема конкурентност на микро, мали и средни претпријатија.

–  Агенцијата ги презема сите обврски кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги има преземено Фондот за иновации и технолошки развој, вклучително и оние за финансиска поддршка на иновациите и претприемништвото.

Вработените, целокупниот движен и недвижен имот, опремата, книговодствената евиденција, документацијата, архивата и средствата за работа кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги стекнал и/или користел Фондот за иновации и технолошки развој ги презема Агенцијата во рок од 15 дена, од денот на нејзиното основање.

Сите права кои ги има стекнато Фондот за иновации и технолошки развој до денот на влегувањето во сила на овој закон, како и правата кои ќе ги стекне по влегувањето во сила на овој закон, вклучително и сите приходи кои ги добива или во иднина ќе треба да ги добива Фондот за иновации и технолошки развој по основ на реализација на сите проекти чиј развој го финансирал Фондот за иновации и технолошки развој, во согласност со договор за финансирање, како и оние по основ на несоодветно или нецелосно искористени средства, како и по пресуди за направена штета ги презема Агенцијата во рок од 15 дена од денот на нејзиното основање – се појаснува во законот.

Новата агенција ќе ги преземе и сите обврски како и вработените, целокупниот движен и недвижен имот, опремата, книговодствената евиденција, документацијата, архивата и средствата за работа кои до денот на влегувањето во сила на овој закон ги стекнала и користелa Агенцијата за поддршка на претприемништвото.

Владата ќе ги именува членовите на Управниот одбор на Агенцијата во рок од 10 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, како и директорот на Агенцијата во рок од 10 дена од денот на конституирање на Управниот одбор.

Обврските кои ги презема новата Агенција во голема мера се совпаѓаат со обврските на Фондот за иновации кој за жал го пратеа бројни дилеми околу оправданоста на инвестициите, проследено со сомнежи за договорени поддршки. Неговата ефективност дополнително беше доведена во прашање, па несомнено се поставува и прашање зошто нова Агенција и колкав ефект ќе има нејзиното формирање.

Извор: Фактор

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

To top