Македонија

Код од мобилен за „Безбеден град“: Возачите ќе се верификуваат за казните да стигнуваат точно

Со цел да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов.

Оваа измена е во насока да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top