Македонија Бизнис

Кои градови се најпосетени од странските гости при посета на Македонија?!

Туризмот во Македонија бележи значителен раст во првите пет месеци од 2025 година, главно поттикнат од засилениот интерес на странските посетители. Според податоците на Државниот завод за статистика, само во мај годинава во земјата биле регистрирани 130.739 туристи, од кои дури 77,6 отсто се странски, а 22,4 отсто домашни.

Расте бројот на странски туристи што ја посетуваат Македонија, а при тоа најголем дел се упатуваат или кон главниот град или кон Охрид. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во мај 2025 година изнесувал 130.739 лица, од кои 22,4 отсто биле домашни, а 77,6 проценти странски туристи. Во мај биле евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28,8 отсто од домашни туристи, а 71,2 проценти од странски. Најголем број туристи во нашата земја пристигнале од Турција, па следуваат германските туристи, па оние од Франција и од соседна Србија.

Турските туристи со години наназад се најчести гости во Македонија. Тие обично доаѓаат во групи, на кружни тури и најмногу се задржуваат во Скопје и во Охрид. Во Скопје ги посетуваат спомениците од османлиско време, а во програмата на балканската тура влегува и посетата на Тетово, Битола и на градовите во другите соседни земји. Според статистиката, само во мај од Турција дошле 28.338 туристи, од Германија 15.166 лица, додека од Франција 6.059 туристи и 5.942 посетители од Србија. Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК, вели дека Турците се чести гости во Македонија од 2007 година, кога почна да се реализира балканската тура.

При тоа, само од Турција дошле 28.338 туристи, од Германија 15.166 лица, додека од Франција 6.059 туристи и 5.942 посетители од Србија. Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на тој период од претходната година, вкупниот број туристи е зголемен за 16,3 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 1 проценти, а кај странските зголемување за 23,6 отсто.

Вкупниот број ноќевања, пак, е зголемен за 12 проценти и при тоа кај домашните туристи има намалување за 0,3 отсто, а кај странските зголемување за 18,7 проценти. Податоците покажуваат дека најголем дел од туристите престојуваат во Скопскиот и во Југозападниот Регион, каде што се остварени најголем дел од ноќевањата на туристите.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top