Македонија

Кој го турка директорот на ЦСР Охрид контра одлука на Врховниот суд кон кривична пријава?

Каква е улогата на моќната охридска фамилија

Порталот А1он објавува дека во случајот со Невена Спасеска и покрај насоките од Врховниот суд Центарот за социјална работа во Охрид повторно се обидува да има главен збор во одземање на четиригодишното момче за кое се бори и неговиот татко инаку син на сопственик на една од најбогатите фирми во Македонија.

 

Во повторената судска постапка за случајот со мајката Невена Спасеска, се повторува и обидот Центарот за социјална работа во Охрид да се наметне како главен извор на мисење мислење за старателството, иако насоките и на Министерството за социјална политика демографија и млади како и на Врховниот суд се сосема јасни-надлежен е Центарот за социјална работа во Скопје.

Токму таквата упорност да даде мислење дека старателството треба да се даде на таткото го чинеше кривична пријава претходниот директор на Центарот во Охрид, Игор Еленчевски. Тој се спротивстави на мислењето на надлежното министерство по што од таму поведоа кривична постапка против него во февруари годинава за која се чека епилогот.

„Предметот е во Основното јавно обвинителство Охрид кое презема дејствија и ги испитува наводите. Пробавени се податоци од Министерството за труд и социјална политика, а се врши увид и во судски предмет. По преземање на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, иинформираа од Обвинителството за А1он.

 

Министерството за социјална политика демографија и млади, тогаш, како надлежен орган по извршен инспекциски надзор утврди дека ВД директорот на Центарот за социјална работа во Охрид, Еленчевски, иако му било укажано дека надлежен орган за давање мислење за доверување на детето е Центарот за социјална работа во Скопје, тој сепак преземал активности и процесни дејствија со доставување и потврдување на мислењето до судот во Охрид.

 

Нејасно е дали сегашниот директор на Центарот во Охрид, Славчо Ристески ќе ги следи стапките на Еленчески или пак насоките на Врховниот суд и Министерството за социјална политика, демографија и млади.

 

Во пресудата со која го врати предметот на повторно судење од Врховниот суд наведоа дека при утврдување на „најдобрите интереси“ битно е да се цени дали детето се прилагодило на средината каде живее во Скопје и како промената на средината би влијаела на детето со оглед дека се работи за дете од четири години.

 

Врховниот суд укажа и дека според известувањето од 31.10.2024 година од Министерството за социјална работа, демографија и млади неспорно се наведува дека Центарот за социјална работа во Скопје е надлежен да постапува по предметот.

 

Каква е улогата на моќната охридска фамилија во работата на Охридскиот центар за социјални работи за голем дел од јавноста е јасно.

 

Како што е јасно дека ако директорот на ЦСР Охрид под притисок или други причини оди контра насоките на Врховниот суд ќе се соочи со соодветни последици.

 

Целиот текст на А1Он на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top