Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Државниот ревизор Ацевски се огласи денес со соопштение до јавноста: „Ве известувам дека мојата службена електронска адреса (maksim.acevski@dzr.gov.mk) беше цел на безбедносен инцидент, при што од неа беа испратени неовластени пораки. Ве молам да ги игнорирате и избришете сите сомнителни пораки испратени од оваа адреса во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи информации.“

„Ако сте кликнале на линк, или ако сте внеле податоци, ве молам веднаш променете ја лозинката на вашата електронска пошта и известете ја вашата ИТ-служба. Нашата ИТ-служба навремено реагираше, сметката е обезбедена и преземени се сите потребни мерки за спречување на понатамошна злоупотреба.“ – се наведува во дописот од ревизорот, испратен до јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Почнува судскиот процес против Артан Груби и уште седуммина

Обвинетите за злоупотреби во „Државна лотарија“, наместо за проневера во службата, сега се гонат за друго кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна. Второобвинетиот , Перпарим Бајрами, е се’ уште во бегство

To top