Македонија

Колку ранливи граѓани настрадале од кокаинот на Јон Фрчкоски (ВИДЕО)

Во дебатата не беше поставено прашањето дали Фрчкоски се уште користи кокаин и дали тоа се одразува на одлуките на партиските структури и процеси кои тој ги води во СДСМ

Во дебатата на ТВ21 во која се судрија Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ и Јон Фрчкоски од СДСМ во која се разговараше и за користењето на кокаин од страна на Фрчкоски јуниор на работно место беа отворени неколку прашања кои се етички но можат да бидат и предмет на правни санкции па дури и затворски казни.

Во емисијата Фрчкоски не одговори дали под дејство на кокаин на работното место директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор носел одлуки и решавал случаи во кои настрадале социјални случаи корисници на станови или други ранливи категории граѓани.

Наум Стоилковски во дебата го соочи Јон Фрчкоски, директорот на центарот за анализи на СДСМ, со неговото минато покажувајќи му ја фотографијата на којашто Фрчкоски користи наркотична дрога кокаин на работно место директор за правни прашања во јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

На тоа, зачудувачки, Фрчкоски соочен со своето дело, дрогирање во службени простории во јавно претпријатие во работно време, даде правно мислење дека со тоа “никому не нанел штета”!?

Зачудува фактот дека Фрчкоски како правник, не разбира дека неговото поведение може да биде предмет на истрага за повеќе кривични дела.

Прво, Фрчкоски може да одговара за набавка на опојна дрога, што е криминал особено доколку била набавена во поголеми количини. Досега никој не утврдил колку дрога набавил Фрчкоски јуниор.

Второ можно дело е злоупотреба на службени простории за консумација на тешки дроги, што може да биде уште еден криминал за кој се одговара пред законот.

Третиот проблем во случајов и можеби најстрашно дело, е колку одлуки и решенија има донесено Фрчкоски под дејство на наркотична дрога?

Станува збор за суштествен орган во ова Јавно претпријатие, правното одделение, каде што одлуките влијаат и на граѓани кои се од ранлива категорија во делот на социјални станови, до деловни простории, односно одлуки поврзани со функционирање на други јавни претпријатија, органи на власта или приватни компании.

Оттука, во прашање се доведуваат одлуките донесени во време на Фрчкоски како потписник на решенија кои влијаат на судбини во повеќе сфери, дали и колку од нив се донесени врз база на правни факти или во преден предвид доминирало ефектот на еуфоријата предизвикана од наркотичното средство?

Дали некое семејство од ранлива категорија останало без социјален стан заради кокаинот на Фрчкоски?

Тоа сепак, за разлика од тврдењето на Јон Фрчкоски, е штета на нечиј интерес, а не само негов личен.

Тоа што остана неодговорено до сега е и од каде Фрчкоски набавувал дрога, како таа ја внесувал во кабинетот, но и колкумина од таму биле (или сега се) корисници на дрога додека се на работа?

Во дебатата не беше поставено прашањето дали Фрчкоски се уште користи кокаин и дали тоа се одразува на одлуките на партиските структури и процеси кои тој ги води во СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Д-р Чибишев: Ако беше водата во Скопје загадена со ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти!

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

ВРЕДИ: Охридскиот договор за ДУИ беше личен банкомат

Толку е долг списокот на корумпирани членови на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги наполнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно проговори за „ендемска корупција“ и стави печат на корупцијата токму на оние кои денес се удираат во гради за „албанизам“

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

To top