Македонија

Костовски: Не е целта да казнуваме, туку да воспоставиме ред

Несовесно фрлање отпад, создавање диви депонии, оштетување на општинскиот имот и други прекршувања на комуналниот ред ќе бидат предмет на санкционирање

 

 

Oпштински редари кои ќе дејствуваат на терен во две смени, користејќи службени возила ќе патролират низ територијата на општина Бутел.
Ова, на социјалните мрежи го соопшти градоначалникот на Општината, Дарко Костовски.

Според него, постапки како што се несовесно фрлање отпад, создавање диви депонии, оштетување на општинскиот имот и други прекршувања на комуналниот ред ќе бидат предмет на санкционирање.

„Јавниот простор им припаѓа на сите нас, но тој е и одговорност на секој од нас“, нагласува Костовски.

Тој додава дека целта на оваа мерка не е казнување на граѓаните, туку воспоставување ред и поттикнување поголема одговорност кон заедничките простори.

„Нашата цел не е да казнуваме, туку да воспоставиме ред, одговорност и почит кон нашите заеднички простори“, се наведува во соопштението од градоначалникот на Општина Бутел.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова разговарала со претседателот на Азербејџан на тема проширување на соработката во енергетиката

Во моменти на енергетски шок предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток и нарушувањата во испораката на течен природен гас (ЛНГ) низ Ормутскиот Теснец

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top