Македонија

Криминал тежок 1,7 милион евра- кривична пријава за Блерим Беџети и службеници во Сарај и Град Скопје

Сомнеж за злоупотреба на службена положба, несовесно работење и фалсификување или уништување на деловни книги

Сомнеж за злоупотреба на службена положба, несовесно работење и фалсификување или уништување на деловни книги. Криминал тежок 1,7 милион евра во општина Сарај. Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети и уште седум поранешни функционери и службеници како и еден надзорен инжинер во општината поради злоупотреби со градежно земјиште.

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор за урбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помлад соработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство на раководител на сектор за планирање и уредување на просторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзорен инженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба на службена положба и овластување“– се вели во соопштението на управата за Финансиска полиција.

Како што е наведено во соопштението од Финансиската полиција, постојат основи за сомнение дека пријавените свесно изготвиле и одобриле документи со невистинита содржина, за катастарската парцела за која немало донесен детален урбанистички план. Дополнително биле направени пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште спротивно од законските прописи, а надзорниот инжинер извршил технички преглед и поднел завршен извештај со лажни податоци.

„На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластувања, како и несовесно вршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниот субјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари.“- според соопштението од управата Финансиска полиција.

Од Финансиската полиција посочуваат дека предметот е резултат на долга финансиска и документациска анализа, а постојат и сомнежи за поширок систем на злоупотреби во урбанистичките оддели на  Сарај во периодот кога со општината раководеше Блерим Беџети. Тој и претходно се товареше за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“,  за диво поставените платформи на кањонот Матка. Во текот на летото, од коалицијата „Вреди“ обелоденија дека 18 годишниот син на Беџети потпишал договор со ЈП Комунална хигиена вреден 12 илјади евра за давање совети за заштита на животната средина.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top