Македонија

Кривична пријава против градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари – осомничен дека „создал незаконска депонија во градот“ и „задолжувал вработени да фрлаат отпадни материи таму“ !

Кичевскиот градоначалник „им давал задачи на општинските службеници да фрлаат отпад на незаконски формирана депонија во станбена зона во градот“?!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради „постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ‘несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпад “. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Воксал“.

Натаму порталот пишува: Според полицијата, уште од 2020 година, „осомничениот градоначалник постапувал спротивно на законот за управување со отпад и на законот за заштита на животната средина, со тоа што не ги спроведувал законските обврски и не ја вршел потребната контрола“. „Тој е осомничен дека дозволил „создавање дива депонија во станбена зона во Кичево, која се протега на неколку илјади квадратни метри, каде што на општинските службеници им давал задолженија секојдневно да депонираат или дистрибуираат отпадни материјали, или да постапуваат со нив на начин, што го менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водните патишта и што може да ги влоши условите за живот на луѓето, животните и вегетацијата, загрозувајќи го нивното постоење“  објаснуваат од полицијата, пренесе „Воксал“

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top