Македонија

Кривична за градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината

СВР Куманово поднесе кривични пријави против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината. Од МВР соопштуваат дека првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, […]

СВР Куманово поднесе кривични пријави против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината.

Од МВР соопштуваат дека првопријавениот К.П., вработен во општина Крива Паланка, спротивно на Законот за градење и спротивно на своите работни задачи и обврски, изготвил решение за промена на инвеститор, иако рокот на одобрението за градење, кое го поседувал инвеститорот, бил изминат.

Второпријавената М.К.-раководител на Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општина Крива Паланка, спротивно на своите работни задачи и обврски, не извршила должен надзор и контрола на решението за промена на инвеститор и со потпишување го одобрила како важечко, со што му овозможила на Г.С. од Крива Паланка да ја продолжи претходно започнатата градба на куќа со деловен простор без да поседува важечко одобрение за градење.

Третопријавениот, како градоначалник на општина Крива Паланка, не извршил должен надзор и контрола на издаденото решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top