Македонија

Кризната состојба со горивата продолжена до 20 октомври

Со ова се обезбедува можност за навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Владата на денешната седница донесе одлука со која кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати се продолжува за уште три месеци, односно до 20 октомври.

Со ова, соопштија од Влавата, се обезбедува континуитет во институционалното постапување и можност за навремено преземање мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

„Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати“, соопшти Владата.

„Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати“, наведуваат од Владата.

По завршувањето на владините процедури, одлуката ќе биде доставена до Собранието на разгледување и усвојување, согласно законските надлежности.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top