Македонија

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Акцијата ќе се оджи во два термини – утре и задутре

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организира традиционална крводарителска акција во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Долна Матка.

Акцијата ќе се одржи во два термини:

На 27 август (четврток: од 18:00 до 00:00 часот и 

на 28 август (петок): од 10:00 до 16:00 часот

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата и со дарувањето крв да помогнат некому да го спаси животот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top