Македонија

Лефков: Структури од СДС соработуваат со бугарската антимакедонска пропаганда на негирањето на македонскиот идентитет и јазик!

Венко Филипче ја крие од јавноста својата позиција дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања!

„Структури од СДС дејствуваат со бугарската антимакедонска пропаганда и целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, кои се единствената брана на македонските интереси.“ – истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

Натаму Лефков посочи: До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од СДС. Според тие сознанија, постои целосна поврзаност и соработка на негирањето на македонскиот идентитет и јазик, како и и напад на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, кои се единствената брана за македонските интереси.

Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, заради оркестрирано измислување и ширење лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв. Ова што го зборуваме многу јасно се гледа и од брзината, со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС.

Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања. Целта на целиот напад и акцијата е да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, а во игра се и пари.

СДС се обидува да се наметне како чинител во целиот процес, од кој подоцна би зависела надворешната политика на државата. Ваквата пропаганда покажува само едно: дека СДС нема намера да се наметне со програма на избори, туку својата безидејност ја заменува со распродажба на македонските интереси, обидувајќи се да одигра на страната на Бугарија. – нагласи на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top