Македонија

Летен режим на патиштата: Забрана за тешки камиони од 1 јули

Целта на овие мерки е да се намалат застоите и да се обезбеди побрз проток на возила, особено кон најпосетуваните туристички дестинации.

Според најновите информации на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта низ земјата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ризичните делници низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност од одрони.Најризични делници се:

  • Катланово – Велес,
  • Маврово – Дебар – Струга,
  • Виница – Берово,
  • Кочани – Делчево.

Сезонски и летен режим на сообраќај

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сите видови возила до 3,5 тона.

Од 1 јули до 31 август се воведува летен временски режим со забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и денови со екстремно високи температури:

  • Петок: 17:00 – 22:00 часот,
  • Сабота: 09:00 – 18:00 часот,
  • Недела: 09:00 – 22:00 часот.

Во денови со екстремни температури (определени од Министерството за здравство), забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ова ограничување не важи за возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материјали, како и за возила кои вршат превоз за државни проекти.

Дополнително, на магистралниот пат А2 (Скопје – Охрид – Скопје), важна до 1 септември, се забранува движење на тешки товарни возила над 7,5 тони за време на викендите во следните интервали:

  • Петок: 15:00 – 22:00,
  • Сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00,
  • Недела: 07:00 – 22:00.

Целта на овие мерки е да се намалат застоите и да се обезбеди побрз проток на возила, особено кон најпосетуваните туристички дестинации.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top