Македонија

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“!

„Јас сум за предвремени избори и нема веќе да бидам дел од ‘Вреди’!“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, коментирајќи ја синоќешната фејсбук-објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“. Инаку, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека годинава нема да има предвремени избори, оти ова е реформска година и година на консолидирање. „Би сакал да има редовни парламентарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија, е подготвена, ако тие избори се одржат една година порано.“ – нагласи Мицкоски.

– Тоа беше повторна објава од еден портал што го објавил ова, само потврдив дека сум за предвремени избори. Сите сме за предвремени избори, освен „Вреди“. Колку побргу ќе се одржат, толку подобро ќе биде за земјата, за нејзиниот економски развој и во исто време за освежување и во рамките на „Вреди“ и во рамките на кој било друг политички субјект или структура – рече Лимани.

Запрашан на следните избори како дел од која политичка структура ќе учествува, Лимани нагласи дека нема да биде дел од „Вреди“. – Во „Вреди“ нема да бидам. Ќе видиме каде ќе бидам – рече тој.
 
На новинарско прашање дали е министер на „Вреди“, или на ВМРО-ДПМНЕ, Лимани одговори дека тој е „министер на сите граѓани во земјата“. – Јас сум министер на сите граѓани на оваа земја и ќе се обидам да им помогнам во сите аспекти, што ми ги дозволува Министерството за социјална политика – рече Лимани.

Во врска со предлогот на Фондот за здравство за продолжување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци, министерот Лимани истакна дека тоа се политики за кои нема конечна одлука. – Тоа се политики што се во тек и се обидуваме заедно со целиот кабинет на премиерот да донесеме конечна одлука. Конечна одлука немаме – нагласи Лимани.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top