Македонија

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Македонска навигација и синдикатот на контролори на летање остануваат на дијаметрално спротивни ставови околу законитоста и основата за штрајкот кој требаше да се одржи во понеделникот, а за кој Граѓанскиот суд донесе времена забрана за одржување. Според правниот тим на М-НАВ, струковиот синдикат е нелегитимен субјект кога станува збор за организирање на штрајк, прескокнати биле сите законски процедури, вклучувајќи ја и медијацијата, а не биле наведени ниту барања од областа на законот за работни односи.

  • Со оваа одлука се потврдува дека најавениот штрајк не е во согласност со законските процедури – изјави Николоски.

Скопска Апелација ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање и ја потврди одлуката со која се забранува штрајкот за октомври лани, вели адвокатот на М-НАВ, Горан Николоски. Според него, судот ги прифатил аргументите на М-НАВ дека штрајкот немал заштита на работнички права, без спроведена задолжителната постапка за посредување, но и без легитимитет. Николоски додава дека одлуката отвора прашања и за претходни активности на Самостојниот синдикат на контролорите на летање. Од М-НАВ оценуваат дека секоја идна синдикална активност мора да биде спроведена во согласност со Законот за работните односи и пропишаната постапка за посредување.

  • Судот утврди дека и претходни постапки биле спроведени надвор од законските рамки – рече тој.

Според Николоски, синдикатот не може да настапува самостојно надвор од својот матичен правен субјект и неговите статутарни правила. Од М-НАВ оценуваат дека секоја идна синдикална активност мора да биде спроведена во согласност со Законот за работните односи и пропишаната постапка за посредување. Инаку, штрајкот најавен за 20 октомври лани, предвидувал ограничување на летови и можни нарушувања во воздушниот сообраќај, но бил забранет со привремена судска мерка. Апелацискиот суд, одлуката, ја потврди како правосилна.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

To top