Македонија

Македонија прикажана како бугарска земја – Шеф на бугарска пратеничка група дава книги на дипломати

Бугарската пропаганда не запира

 

Претседателот на пратеничката група на БСП-ОБЕДИНЕТА ЛЕВИЦА Драгомир Стојнев му подарил две книги на амбасадорот на Данска во Бугарија,  Флеминг Стендер.

 

За време на состанокот на Комисијата за европски прашања во Националното собрание, на кој дипломатот ги презентирал приоритетите на данското претседателство со Советот на Европската Унија, пратеникот му подарил две книги со порака дека Македонија од секогаш била бугарска земја.

 

„Ова се белешки од вашите колеги, дипломати, пред 120 години во врска со Илинденско-Преображенското востание од 1903 година, кога бугарските земји останаа под влијание на Отоманската империја, а потоа народот се побуни. Бидејќи денес Република Македонија одбива да признае дека таму има граѓани со бугарски идентитет кои се нарекуваат Бугари. Покрај тоа, тие се прогонувани и репресирани“, тврди Стојнев.

 

Според него, во првата книга, во која во своите извештаи над 30 амбасадори во Цариград ги опишуваат страдањата на Бугарите во овие земји, има недвосмислени информации за бугарскиот етнички состав на населението во Македонија.

 

Втората книга содржи карти за Балканот во периодот од средината на 19 век до Првата светска војна, во која Македонија е означена или како дел од Бугарија или како посебен регион.

 

 

„Мислам дека овие книги ќе ви бидат корисно четиво за да знаете што навистина се случувало во нашите земји“, му порачал на данскиот амбасадор Драгомир Стојнев.

 

Данскиот амбасадор нема коментар за бугарската пропаганда.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Провокациите се дел од организирана бугарска кампања

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ, по повод две години од мандатот на Владата, изјави дека зад провокациите што се случуваат во последниот период стои организирана бугарска кампања, која се спроведува преку еден или двајца политички ликови во земјава.

Мицкоски: Можно е реконструкцијата да биде поголема од една третина од владините функционери

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, преммиерот посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери

To top